Првите луѓе на фудбалскиот состав Милан планираат да направат тим кој ќе биде конкурентен за титулата во Серија „А“. Последен кој влегува на нивниот список за засилувања е напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеза.
Голгетерот на „виолетовите“ одби да го продолжи договорот бидејќи во меѓу време нашол заеднички јазик со „росонерите“. Неговата трансферна цена е околу 40 милиони евра. Според медиумите, Милан испратил прва понуда од 20 милиони евра плус дополнителни 10 милиони како бонуси.
Фиорентина практично е принудена да го продаде Киеза бидејќи неговиот договор ќе истече во летото во 2021 година по што ќе биде слободен играч.