Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, кој нема одиграно натпревар од јануари поради тешката повреда на ногата, сака да се вклучи во тимот за мечот со Емполи кој треба да се одигра в петок.
Според медиумите во Италија, тренерот на „старата дама“, Макс Алегри, не сака да ризикува и најверојатно нема да му ја исполни желбата на врвниот напаѓач.
Стратегот на тимот од Торино сака прво Киеза да одигра меч за вториот тим па дури потоа да одлучи дали ќе го користи за наредните мечеви во Серија „А“ и ЛШ.