Тренерот на Барселона, Кике Сетиен размислува да ја користиформацијата 3-5-2 на саботниот реванш меч од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Наполи, пишува „Диарио Спорт“.
Серхио Бускетс и Артуро Видал се казнети и нема да може да настапат. Френки де Јонг беше повреден до неодамна, но се чини дека тој ќе биде стартер против Италијанците. Иван Ракитиќ ќе игра во средниот ред, а голема е веројатноста дека Рики Пуич ќе се најде во стартниот состав.
До скоро повредениот Антоан Гризман ќе биде на клупата, а во напад ќе се потпира на Луис Суарез и Лионел Меси.
Сержи Роберто и Жорди Алба ќе дејствуваат како играчи по крила во средниот ред, а во центарот на одбраната ќе бидат Нелсон Семедо, Жерард Пике и Клемент Ленгле.