Петмина играчи на ПСЖ ќе го пропуштат натпреварот од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите со РБ Лајпциг, беше објавено на официјалната веб-страница на парискиот клуб.
Напаѓачот Килијан Мбапе беше заменет во рамките на 9-то коло на натпреварот од Лига 1 со Нант. Наводно, имал непријатност во мускулите на десниот бут, па токму поади тоа не отпатувал за Германија. Неговата прецизна дијагноза ќе биде позната во рок од 48 часа.
Нејмар продолжува да се опоравува од повредата на мускулот, а Бразилецот ќе се врати на терените по паузата за репрезентациите. Во исто време, надвор од тимот се Марко Верати (закрепнување од повреда на мускул) и Јулијан Дракслер, додека Мауро Икарди е неизвесен, но можеби ќебиде во комбинација за оваа средба.
Дуелот меѓу РБ Лајпциг и ПСЖ ќе се одигра утре, 4 ноември сопочетокво 21 часот.

