Килијан Мбапе останува цврст на својата позиција и понудата од Саудиска Арабија не ги промени неговите планови.
Вчера, Пари Сен Жермен ја прифати понудата од 300 милиони евра од Ал-Хилал и му даде дозвола на клубот да преговара со капитенот на Франција. Според „Л‘Екип“, неверојатната понуда, која вклучува 700 милиони за играчот во рок од една година, нема да го убеди Мбапе да игра во Саудиска Арабија.
Мбапе има договор со Реал Мадрид каде ќе замине во 2024 година како слободен играч. Тој нема намера да го напушти ПСЖ ова лето и има намера да остане до крајот на договорот дури и ако загуби една година.
Францускиот клуб сака да го продаде, а доколку не успее, може да не игра цела сезона.
Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Интер и Барселона го побараа Мбапе во изминатите два дена, а лондончани и „црвените ѓаволи“ брзо се откажаа од обидите да го ангажираат. Некои од овие клубови му понудија да го земат на позајмица. Сепак, оваа опција не му одговара на ПСЖ, кој сака да добие пари од трансферот за него.