Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Килијан Мбапе патува со тимот на ПСЖ во Лисабон
    Фудбал

    Килијан Мбапе патува со тимот на ПСЖ во Лисабон

    risteBy riste08/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе е вклучен во групата која патува за Лисабон за одигрување на четвртфиналето од Лигата на шампионите против Аталанта. Средбата ќе се одигра во среда во Лисабон.

    Присуството на Французинот на списокот не значи дека тој ќе биде во составот за дуелот со Италијанците. Тој има сериозна повреда на зглобот од финалето во Купот на Франција.

    Натпреварот ќе биде првиот од завршниот турнир што ќе се одржи во Португалија. ПСЖ се надева дека Мбапе ќе биде подготвен за следните натпревари доколку екипата се пласира понатаму. Поради оваа причина, Анхел Ди Марија е во групата, иако беше казнет и сигурно нема да игра против Аталанта.

    Исто така, постојат сериозни сомнежи за учеството на Марко Верати, кој претрпе повреда на бутот во текот на тренинзите изминатата недела. Според последните информации, состојбата на Италијанецот можеби не му дозволува да игра дури до полуфиналето, но клубот ги чека следните тестови. Курзава е исто така неизвесен за настап на средбата со Аталанта.

    Проблемите со ПСЖ се зголемија и со повредата на тренерот Томас Тухел. Германскиот тренер има скршеница на зглобот која ја доби при една од активностите на тимот во последните денови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.