Дефанзивниот фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, му ја препушта фаворитската улога на Ливерпул во 1/8 финалната пресметка во Лигата на шампионите. Според германскиот репрезентативец, англискиот тим покажува одлична форма додека неговата екипа игра крајно променливо.
„Ливерпул е фаворит. Тие имаат само еден пораз во првенството и примија само 15 голови. Играат одлично во одбраната и неверојатно ефикасно во нападот“ – вели Кимих.
„Кај нас недостасува упорноста и желбата за победа. Ќе треба драстично да ја подобриме играта за да можеме да им парираме на екипите од елитата“ – вели играчот на Баерн Минхен.