Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, верува во победа над Манчестер Сити во реваншот и покрај синоќешниот тежок пораз во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ го добија првиот натпревар со 3:0 и зачекорија кон полуфиналето.
„По таков пораз веројатно ќе звучи глупаво, но сите видовме дека е реално да се победи Сити во реваншот. Верувам во себе и во мојот тим. Способни сме да го направиме тоа во реваншот“, изјави Кимих.

