Германскиот фудбалски репрезентативец, Џошуа Кимих, од наредната недела ќе може да продолжи со тренинзите во Баерн (Минхен) додека Корентин Толисо (проблеми со мускулите) влезе во трениг процес, но, нема да игра на утрешниот меч со Унион (Берлин). Тоа го соопшти главниот тренер на Баварците Ханси Флик на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Толисо тренираше вчера, ќе видиме како неговото тело ќе реагира по денешниот тренинг. Кимих закрепнува многу добро и можеби наредната недела ќе учествува во одредени активности” – рече Флик.
Кимих којн имаше операција на коленото закрепнува побрзо од очекуваното. Првичниот план беше тој да се врати на терените дури кон крајот на јануари.

