Фудбалерот, Џошуа Кимих, нема да се приклучи на германската репрезентација бидејќи очекува неговата девојка Лина Мајер да го роди нивното трето дете.
„Тој е целосно семеен човек. Да се има дете е навистина многу посебен момент за секого. Се надеваме дека се ќе биде добро и тој наскоро ќе се приклучи на тимот” – изјави германскиот селектор, Ханси Флик.
„Панцирите“ од денеска се подготвуваат за пријателскиот натпревар со Израел закажан за в четврток. Три дена подоцна ќе гостуваат во Холандија