Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, по вчерашното реми со Данска повторно е на удар на фановите и аналитичарите од Островот.
Меѓу последните што ја критикува поставеноста на фудбалерите е легендарниот Рој Кин. Тој проценува дека експериментот со играњето на Тренд Александер-Арнолд во средината не е добрo за „Гордиот Албион.
„Од почетокот мислев дека Саутгејт се коцка со играч кој не игра редовно на таа позиција. Се покажа дека не е подготвен за улогата која му се доделува“ – потенцираше Кин.