Една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, имаше интересна изјава поврзана со отказот на тренерот Жозе Мурињо. Тој во интервјуто за „Би-Би-Си“ ги обвини фудбалерите дека намерно не ги исполнувале задачите на Португалецот и дека имале намера да го избркаат од клубот.
„Се извлекоа како жртви. Луѓето зборуваа дека Мурињо влегол во расправија со нив. Секој нормален тренер би го направил тоа со играч кој на подготвките доаѓа со вишок килограми и не сака да работи максималн на тренинзите“ – вели Кин.
„Јас не сум најголем обожавател на Мурињо, но, на играчите треба да им биде срам. Се покажаа како слабаци кои се кријат зад менаџерите и грешките на тренерот а имаат и луѓе кои работат за нив во медиумите. Навистина направија циркус“, изјави Рој Кин.