Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, проговори за сегашната ситуација кај „црвените ѓаволи“. Тој отворено им порача на играчите дека треба да се насочат кон фудбалот и да не влегуваат во конфликти со тренерот Мурињо.
„Ако сте играч на Манчестер Јунајтед и излезете на теренот а не дадете 100% од себе затоа што сте лут на некого, тогаш Господ нека му е на помош на Мурињо” – вели Кин.
„Во клубот има многу плачковци. Кога ќе излезете на теренот, играте за вашата гордост, за семејството, за градот. Не смеете да размислувате што зборува тренерот за вас, треба да одиграте максимално борбено” – нагласи Кин.