Англискиот фудбалски состав Евертон денеска го промовираше Моизе Кин кој дојде од Јувентус како петтото летно засилување за наредната сезона.
Младиот напаѓач кој има само 19 години, се вбројува меѓу најталентираните голгетери во Европа и сигурно ќе биде големо освежување во нападот на популарните „карамели’ кои во изминатата сезона имаа многу проблеми со реализацијата. Евертон во текот на летово ги обезбеди и новите играчи од средниот ред Андре Гомеш, Фабиан Делф и Жан-Филип Гбамин како голманот Јонас Лосл. Самиот Кин не крие дека е презадоволен што се активирал во Премиер лигата.
„Многу сум горд што ќе го носам дресот на Евертон, ќе се обидам го давам максимумот на секој натпревар. Евертон е клуб со големи амбиции и ќе работам напорно да помогнам во остварувањето на целите“ – потенцираше црномурестиот играч.