Англискиот фудбалскио состав Евертон ќе му плати на Јувентус 30 милиони евра плус бонуси и ќе го купи црномурестиот играч, Моизе Кин, објавија медиумите во Италија.
19-годишниот напаѓач ќе заработува по три милиони евра на сезона. Тој денеска го напуштил кампот на Јувентус и заминал за Ливерпул за да го комплетира трансферот. Кин ќе биде запаметен како прв фудбалер кој е роден по 2000 година што дал гол во една од петте најсилни европски лиги. Играчот на Јуве погоди во мрежата на Болоња на мечот одигран во месец мај во 2017 година.
Кин во меѓувреме доби шанса да настапи и за сениорската репрезентација на Италија. За „аѕурите“ има дадено два гола.