Легендарниот, Рој Кин, се насочи кон успехот на Тотенхем. Популарните „спарси“ со победата во финалето на Лига Европа конечно се израдуваа на трофеј по цели 17 години.
„Тотенхем во сезонава освои повеќе пехари од Арсенал. Во споредба со другите клубови, тие беа премногу критикувани во последните неколку години. Сите велеа дека имаат одличен стадион, но, главната работа е да освојуваат трофеи“ – рече Кин,
„Сега можат да го допрат пехарот и навистина да уживаат во него. Кога играчите ќе се вратат за наредната сезона, ќе знаат дека се во Лигата на шампионите и тоа ќе има фантастичен ефект врз клубот“ – изјави поранешниот играч.

