Легендарниот фудбалер, Рој Кин, испрати серија на критики кон играчите на Манчестер Јунајтед кои загубија на стартот на сезоната на домашен терен од Брајтон.
Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ , вели дека не постои среден ред во екипата и дека тоа е најголемиот проблем .
„На играчите од средниот ред на Манчестер Јунајтед им недостига фудбалска интелигенција, особено на Фред. Фред и Мектоминај едноставно не се доволно добри“ – вели Кин.