По седмиот натпреварувачки дена на Игрите во Токио, селекцијата на Кина го има првото место според бројот на освоени медали. Кинезите имаат 19-ет златни, 10-ет сребрени и 11 бронзени или вкупно -40-ет.
На второто место е домаќинот на Олимпијадата, Јапонија со 17 –ет златни, 2-ве сребрени и 7 бронзени или вкупно 28. САД имаат 41-ен медал и тоа 14-ет најсјајни, 16-ет сребрени и 11-ет бронзени. Во топ 5 влегуваат и Руски олимписки комитет со 10-ет златни, 14-ет сребрени и 10-ет бронзени или вкупно 34 како и Олимпијците на Австралија кои 9-ет пати се искачија на највисокото место на пиедесталот, два пати завршија на второто место а 11-пати се накитија со бронзата.
Македонија досега на ЛОИ во Токио има сребрен медал кој го освои Дејан Георгиевски во таеквондо.