Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојен во официјална посета на Македонскиот олимписки комитет
    Домашен микс

    Кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојен во официјална посета на Македонскиот олимписки комитет

    risteBy riste07/04/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска, во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на покана на Претседателот на МОК, г-дин Даниел Димевски, се одржа официјална работна средба со Н.Е. Амбасадорката на Народна Република Кина, г-ѓа Џијанг Сјаојен (Jiang Xiaoyan) и нејзината делегација.

    На средбата, на која присуствуваше и стручниот тим на МОК, се разговараше за актуелните состојби и идниот развој на спортот, како и за отворањето на нови можности за соработка помеѓу двете пријателски земји во повеќе полиња поврзани со спортот и олимпизмот.

    Во фокусот на разговорите беше ставена меѓусебната поддршка, размената на позитивни практики и искуства, како и можностите за заеднички проекти кои ќе придонесат за унапредување на спортските вредности. Двете страни се согласија дека спортот е универзален јазик кој ги поврзува народите и дека постои огромен потенцијал за продлабочување на билатералната спортска соработка.

    Претседателот Димевски изрази огромно задоволство од посетата, истакнувајќи ја важноста на градењето силни партнерства со земји кои се глобални спортски велесили, каква што е НР Кина. Од своја страна, амбасадорката Сјаојен се заблагодари за срдечното гостопримство и ја потврди отвореноста за континуирана поддршка и заеднички вложувања во развојот на спортскиот дух.

    Македонскиот олимписки комитет останува посветен на својата мисија за континуиран развој на македонскиот спорт, а денешната средба претставува значаен чекор кон воспоставување на долгорочна и плодна меѓународна соработка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.