Клубовите од кинеската Супер лига ќе имаат лимит на платите во наредната година и одредени други ограничувања поврзани со мултимилионските трансфери, соопштија луѓето од локалната федерација и агенција Ксинхуа.
Официјалните лица објавија дека од новата сезона ќе има ограничувања на финансиските инјекции за клубовите, бонусите на играчите, трансферите и платите.Новиот правилник ќе ги задолжи клубовите да се придржуваат кон универзалните стандарди за договорите на фудбалерите како и до горната граница на платите. Во почетокот на наредната сезона секој локален играч ќе потпише договор за вработување, кој исто така ќе вклучува бонус-лимити за секој натпревар.
Плаќањата во готовина ќе бидат строго забранети. Во последниве години кинеските клубови за огромни суми купија играчи од типот на Оскар и Карлос Тевез што го ги натера властите да ги ограничат трошоците.