Голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг добил понуди од два Кинеснки клуба, кои со примамливи финансиски услови се обидуваат да го привлечат 29-годишниот напаѓач на Арсенал.
Според весникот „Тајмс“, се работи за Гуангжу Евергранд и Шангај СИПГ. И двата клуба му понудиле на интернационалецот од Габон неделна плата од 300 000 фунти, што претставува значително зголемување во споредба со сегашната плата на Обамејанг која е во висина на 190 000 фунто.
Гуангжу Евергранде направи обид да го земе поранешниот напаѓач на Борусија (Дортмунд) уште во текот на зимата на 2018 година, непосредно пред тој да се пресели во Арсенал.
Обамејанг има договор со „топџиите” уште две години. Навивачите на лондончани се загрижени дека нискиот трансфер буџет со кој ќе располага Унаи Емери, може да ги натераат големите ѕвезди на тимот Обамејанг и Александар Лаказет, кон кого исто така има интерес, да го напуштат Арсенал.