Првите луѓе на кинескиот фудбалски состав, Пекинг Гуан, може да ја решат сагата околу Герет Бејл и неговото заминување од редовите на Реал Мадрид.
Имено, тимот од далечниот Исток му нуди на Велшанецот плата од 600.000 фунти неделно со што може да биде најплатен играч во Кина. Засега на првото место е Езекиел Лавеци кој во Хебеи добива по 500.000 фунти неделна плата.
Кинеските клубови можат да прават трансфери до 31 јули. До тој термин играчот на „кралевите“ треба да каже дали ќе ја прифати понудата и дали ќе си замине од Шпанија.