Сопствениците на фудбалскиот клуб Интер од кинеската компанија – „Сунинг“, потврдија, дека ќе продолжат да ја гарантираат финансиската поддршка на клубот, како што се случуваше и досега.
Тоа се случи за време на денешниот состанок на Управниот одбор на „нероаѕурите“ на кој беше претставен новиот амблем на клубот.
УО ги прифати и ги објави финансиските загуби од 62,7 милиони евра за периодот од јули до декември минатата година. Кинезите и покрај загубите ќе ги исполнуваат обврските кон клубот.

