Фудбалскио состав на Манчестер Јунајтед имал шанса во јануарскиот преоден рок да го купи напаѓачот на Бурнемaут, Џошуа Кинг, но, тоа сепак не се случи.
Непосредно пред затворањето на терминот за трансфери, „црвените ѓаволи“ понудиле 20 милиони фунти за 28-годишниот Норвежанец, но, предлогот им бил одбиен. Тогаш луѓето од „Олд Трафорд“ одлучиле дека нема да ја зголемат понуда и дека ќе се насочат кон Одион Игало. Токму пропаднатиот трансфер видно го изнервирал Кинг кој патем кажано, потекнува од Академијата на Манчестер.
„Немам точен одговор за тоа колку бил блиску трансферот. Имав надеж дека договорот ќе биде завршен. Дојдов во Англија како 16-годишно момче за да го исполнам сонот и сакав да го направам тоа во Манчестер Јунајтед“ – вели Кинг кој игра за Бурнемаут од 2015 година.