Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман одлучил да го напушти клубот во последните денови од летниот преоден рок, пренесуваат „Л’Екип“ и „Билд“.
Сеуште не е јасно каде ќе се пресели 28-годишниот француски репрезентативец, бидејќи според информациите за него интерес има од Пари Сен Жермен, англиски клубови и екипа од Саудиска Арабија, која најверојатно е Ал Хилал. Исто така Барселона на Ханзи Флик бара крилен напаѓач.
На Баерн исто така не му пречи да се раздели со Коман, кој зема една од најсериозните плати во клубот – нешто повеќе од 17 милиони евра годишно. Баварскиот гигант во оваа фаза не планира да донесе замена за Французинот, бидејќи сметаат дека имаат доволно играчи на крилните позиции.
Минатата сезона, Коман постигна 5 гола на 27 натпревари и често беше измачуван од повреди. Од почетокот на новата сезона, францускиот крилен напаѓач одигра два натпревари, постигнувајќи гол во победата од 4:0 над Улм во Купот на Германија.

