Поранешниот фудбалер, Мартин Кион, кој една деценија го носеше дресот на „гордиот албион“ вели дека Рахим Стирлинг може да биде човекот на одлука на утрешното финале меѓу Англија и Италија. Според него, брзоногиот фудбалер може да ја разбие дефанзивната двојка на „аѕурите“, Кијелини – Бонучи.
„Статистиката вели дека никој не направил повеќе дриблинзи на ЕП од Стирлинг. Кјелини и Бонучи ќе се скаменат кога ќе го видат Стерлинг како трча кон нив, Кејн пак како центарфор ќе ги „изеде“ тие стари стопери“ – вели Кион.
„Италија има историја на дефанзивци кои играат добро во триесеттите години. Франко Барези тоа го правеше заедно со Паоло Малдини. Сега ги добија Кјелини и Бонучи“ – порача Кион.

