Биљана Кираџиева и Милош Ранчиќ се победници 21-километарската полумаратонска трка на петтото по ред издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ”. Ранчиќ оваа делница од 21 километар ја истрча за 1:18:27 часа, додека Кираџиева триумфираше минувајќи ја патеката за 1:31:29 часа.
На рекреативната петкилометарска трка победи Муџахид Мислимоски со постигнато време 18:38 минути, додека во женска конкуренција прва на целта пристигна Николина Милевска – Велјаноска со време од 24:17 минути.
На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ” учествуваа околу 650 натпреварувачи, а бројот учесници беше ограничен поради протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.