Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, останува во врвот кај голгетерите по три одиграни кола на тековното светско првенство во Германија и Данска.
Нашиот десен бек ја дели третата позиција со Магнус Јондал (Норвешка) и Феран Соле Сала (Шпанија) со по 20 голови. На врвот на листата е репрезентативецот на Германија, Уве Гензхајмер со 25 голови додека членот на Русија и на нашиот Вардар, Тимур Дибирови има постигнато 23 голови. Во Топ 10 влегува и крилот на Mакедонија, Дејан Манасков, кој на средбите со Јапонија, Бахреин и Хрватска постигна 17 голови.
Кога станува збор за голманите тука неприкосновен e играчот на Данска, Никлас Ландин, кој запре 29 шутеви на противниците од вкупно 57 упатени кон неговиот гол. Нашиот Борко Ристовски има 34 одбрани, но, од 92 шута што му донесе 37% успешност.