Јакуб Кивиор кој има мала минутажа во редовите на Арсенал, размислува во текот на зимата да ги напушти редовите на „топчиите“, велат последните информации од Англија.
Според нив, 24- годишниот фудбалер кој има само 2 меча од стартот на сезоната и главно ја грее клупата, сака да направи перманентен трансфер.
Наводно, за неговите услуги се заинтересирани екипи од Италија, Шпанија и Франција.

