Сара Кели, мајката на навивачот на Евертон, Џејкоб, чиј телефон го скрши Кристијано Роналдо по поразот на Манчестер Јунајтед на Гудисон Парк во месец април, повторно ја повика ФА да му изрече соодветна казна на Португалецот.
Дури во изминатиот петок ФА го обвини Роналдо кој досега беше казнет само од полицијата со 200 фунти поради инцидентот со детето со аутизам.
Сара тврди дека момчето сè уште секојдневно зборува за инцидентот и се прашува како Роналдо може мирно да спие знаејќи што направил.