Англиските гиганти Челзи, Ливерпул и Тотенхем ќе бидат извлечени од вториот стаклен сад кога ќе се формираат групите за новата сезона во Лигата на шампионите на 25 август, потврди денеска УЕФА.
Тоа значи дека „сините“, „црвените“ и „спарси“ ќе можат да се соочат со Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен уште во првата фаза во елитата на Европа.
Според рангирањето и правилата, единствен тим од Англија кој влезе меѓу носителите е шампионот Манчестер Сити.

