Следната недела ќе гледаме фудбалско „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова стана јасно откако овие две екипи се паднаа да играат еден против друг во полуфиналето на Купот на кралот.
Првиот натпревар ќе биде на „Камп Ноу“ на 6 февруари, а реваншот на 27-ми февруари на „Сантијаго Бернабеу“. Само неколку дена по тој натпревар овие два тима ќе имаат нов меч на „Сантијаго Бернабеу“ , но тоа ќе биде во шампионатот на Шпанија.
Во другата полуфинална средба се среќаваат Бетис и Валенсија. Финалистите ќе бидат определени во два натпревари. Барселона е освојувач на трофејот во последните четири години.
Финалето ќе се одигра на 25 мај во Севиља на стадиот на Бетис –„Б енито Виљамарин“. Оваа сезона Барселона и Реал веќе се сретнаа еднаш во првенство, при што шампионот победи со високи 5:1.

