Англиските медиуми објавија дека во текот на летото ниту еден тренер не сакал да го замени Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед по што Холанѓанецот успеа да остане на – „Олд Трафорд“.
Наводно, Себастијан Хенес не бил подготвен за нов предизвик додека Зинедин Зидан и Томас Тухел, јасно кажале дека не сакаат да работат во англискиот состав.
Како последно име за евентуален наследник на Тен Хаг се појавува и Един Терзиќ, иако медиумите тврдат дека тој нема намера да се пресели кај „црвените ѓаволи“.

