Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, може да ги напушти англичаните и да се пресели во редовите на Јувентус доколку двата тима се определат да направат трампа на играчи.
Медиумите и во Англија и во Италија пишуваат дека премиер-лигашот сака да го ангажира членот на „старата дама“, Миралем Пјаниќ и дека за таа цел може во спротивен правец да го испрати Португалецот.
Наводно, во целиот трансфер екипата од Торино ќе треба да доплати околу 20 милиони евра.

