Челниците на Манчестер Јунајтед ќе направат напор во јануарскиот трансфер период да го ангажираат фудбалерот на Реал Мадид, Герет Бејл, кој во континутет вели дека не е среќен во Шпанија и дека сака да ја промени средината.
За репрезентативецот на Велс е заинтересиран и неговиот поранешен состав Тотенхем, но, медиумите проценуваат дека „Спарси“ немаат доволно финансии за да ја издржат евентуалната трка со „црвените ѓаволи“.
Во исто време и тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, се погласно размислува дека може да се направи размена на играчи меѓу неговиот тим и Манчестер Јунајтед. Тој наведува дека Бејл може да замине на „Олд Трафорд“ а во спортивниот правец да се упати Пол Погба.