Италијанската влада размислува за голема промена во спортската легислатива која ќе влијае на регулирањето на локалното фудбалско првенство или поточно на казните за одземање на бодови.
Доколку се прифатат предложените измени, тогаш санкциите со повлекување на бодовите ќе може да се прават само пред или по завршувањето на фудбалската сезона.
Како пример е посочен Јувентус кој во јануари беше казнет со одземање на 15 бодови од Италијанската фудбалска федерација, во април, италијанскиот олимписки комитет ја укина таа казна за во мај повторно да биде изречена од фудбалската федерација но, со – 10 бодови.

