Фудбалските состави на Реал Мадрид и на Тотенхем може да си разменат играчи во текот на зимскиот трансфер период, најавија денеска медиумите во Европа.
Наводно, португалскиот стратег на клупата на „Спарси“, Жозе Мурињо, сака да го засили тимот со Герет Бејл кој не ја добива посакуваната минутажа кај „кралевите“. Затоа англискиот состав планира да испрати понуда за Велшанецот во која покрај 30 милиони евра, ќе биде вметнат и данскиот играч Кристијан Ериксен.
Познато е дека Бејл посакува да се врати во Премиер конкуренцијата додека Ериксен е трансферна желба на тренерот на Реал мадрид, Зинедин Зидан.

