Селекторот на Панама Хернан Дарио Гомес изјави дека неговата репрезентација ќе направи се на ова светско првенство да остави што е можно подобар впечаток, а доколку успеат да ја минат групата, тој тоа ќе го прослави на посебен начин.
„Несомнено, Белгија е фаворит на денешниот натпревар, но, во фудбалот, сè се случува, и ако имаме добар ден, може да освоиме бодови. Искрено, ќе испијам две шишиња водка ако ја минеме групата на Светското првенство 2018 година. Само се шегувам, ние сме професионалци“, изјавил Гомес.
„Предноста на националниот тим на Панама е игра на дефанзива, но во исто време имаме сериозни проблеми во нападот. Ние сме во состојба да создадеме опасни ситуации, но неуспеваме да реализираме“, дополнил селекторот на Панама.