Њукасл испратил понуда за постојан трансфер на талентираниот дефанзивец на Челзи, Луис Хол, информира „Скај Спортс“.
Лондончани процениле дека 18-годишниот лев бек вреди минимум 30 милиони фунти но, дека е најдобра варијанта првично да оди на позајмица.
Од друга страна, младинскиот репрезентативец на Англија сака перманентен трансфер. Интересно е тоа што Хол пред само две недели потпиша нов 6-годишен договор со „сините“.