Македонија ќе игра против Италија во првиот бараж меч за пласман на Мундијалот во Катар. Во втората средба во нашата група ќе се сретнат Португалија и Турција.
Воведните бараж-мечеви ќе бидат реализирани на 24 и 25 март а финалните на 28 и 29 март. Место на светското првенство ќе обезбедат победниците од трите групи.
Во групата „А“ ќе играат Шкотска- Украина и Велс- Австрија. Во групата „Б“двојките се: Русија- Полскаи Шведска- Чешка и во групата „Ц“, Италија- Македонија и Португалија- Турција.

