Првите луѓе на Манчестер Сити поставија неверојатно висока цена за Лерој Сане кој се наоѓа на списокот на посакувани играчи од страна на тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач.
Според германските медиуми, Баварците се подготвени да издвојат максимум околу 100 милиони за да ги обезбедат услугите на 23-годишниот репрезентативец на „панцирите“.
Сане во 2016 година за околу 50 милиони евра го напушти Шалке и се пресели кај „граѓаните“. Тој во претходната сезона одигра 47 натпревари на кои постигна 16 голови и направи 18 асистенции.