УЕФА забрани да се играат меѓународни натпревари на стадионот – „Тодор Проески“ додека не се санира оштетената трева.
Тоа значи дека дел од екипите ќе мора да бараат алтернатива во наредниот период. Струга најави дека мечот со Есперанж во третото коло на Конференциската лига ќе го игра на терените на ФФМ додека Работнички Вардар исто така ќе мора да бидат домаќини надвор од Арената во Скопје.
„Тодор Проески“ се затвора до 9 септември кога македонската репрезентација треба да ја пречека Италија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.