Националната Арена може да го носи името на нашиот починат пејач, Тоше Проески, доколку Владата продолжи според договорот од Преспа кога станува збор за преименување на „јавните згради и инфраструктурата“, објавија дел од медиумите.
Познато е дека нашиот најголем спортски објект е под капата на државното Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Доколку Владата одлучи Арената да го носи имеот Тоше Проески, тоа ќе биде нејзино четврто преименување.