Европската фудбалска унија наводно подготвува – „вајлд карта“ за Атлетико Мадрид доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на фудбалските шампиони.
Шпанската федерација размислува за прекин на првенството а „јорганџиите“ според моменталната ситуација на табелата немаат место меѓу екипите што би играле во елитата во Европа во наредната сезона.
Веста во медиумите на Пиринеите делува нереална, бидејќи УЕФА никогаш досега не давала – „специјални покани“, кои вообичаено се користат во другите спортови.