Премиер Лигата треба да продолжи на 19 јуни а покрај збиениот распоред како проблем за играчите се наведува и адаптацијата по долгиот период на изолација.
Бидејќи фудбалерите немаа можност да реализираат вистински тренинзи, последните анализи велат дека за цели 25 проценти ќе биде зголемен ризикот за повреди. Во анализата во која се користени повеќе параметри, јасно се гледа дека отсуството на тренинзите значајно се одразува кај играчите.
Пример за тоа е Бундес лигата откако на првиот ден од продолжувањето на сезоната на шест одиграни натпревари се повредија дури 8 играчи. Тој процент е далеку над нормалата.