Фудбалерот на Лион, Набил Фекир, денеска може да стави потпис на договорот со Ливерпул доколку успее да ги договори личните услови со екипата предводена од искусниот стратег, Јирген Клоп.
Ѕвездата на „лавовите“ е потенцирана од страна на германскиот стратег како идеално засилување за вице-шампионот на Европа.
Иако самиот играч објави дека дури по Мундијалот во Русија ќе размислува за неговата иднина, сега се појави веста дека тој и неговиот агент задолжен за трансфери денеска се во Англија и дека преговараат за сума од околу 60-70 милиони фунти.