Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Нико Ковач, посакува во неговите редови да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Според најавите во германските медиуми, искусниот стратег сака да го убеди 33-годишниот Хрват да направи нов трансфер иако има активен договор со „кралевите“.
Капитенот на хрватската репрезентација одигра фантастично на првите два меча на Светското првенство.Се претпоставува дека неговата трансферна цена е околу 60 милиони евра.