Сагата околу трансферот на Хари Магуаер може да заврши наскоро, според „Sky Sports“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 80 милиони фунти за дефанзивецот.
Лестер ја одбил понудата од 70 милиони, но се очекува да го прифати новиот предлог, со кој англискиот репрезентативец ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Се смета дека Лестер Сити побарале 90 или најмалку 85 милиони за него, но се очекува да се согласат за помала сума.
Магуаер останува приоритет на Оле Гунас Солскјер, а тој самиот веќе сака да си замине од Лестер и да се пресели кај „црвените ѓаволи“, кои се на половина пат да го привлечат. Останува уште една недела до затварање на трансфер периодот, па затоа нема да биде изненадување ако навистина има договор наскоро затоа што Манчестер Јунајтед силно го посакува 26-годишниот дефанзивец.
Досега на „Олд Трафорд“ дојдоа само Арон Ван-Бисака и Даниел Џејмс, така што може да има сериозно раздвижење во наредните денови, особено поради очекуваното разделување со Ромелу Лукаку, кој е чекор до Јувентус и се очекува од Италија за него да биде испатен Паоло Дибала.