Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кјелини: „Треба да ја играме нашата игра и да имаме респект кон Македонија“
    Фудбал

    Кјелини: „Треба да ја играме нашата игра и да имаме респект кон Македонија“

    risteBy riste23/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација утре и гостува на Италија и ќе го одигра еден од најважните натпревари во својата историја, а тоа е меч за пласман на СП во Катар. Една од клучните фигури во одбраната на италијанската репрезентација се очекува да биде ветеранот Џорџо Кјелини кој одговараше на прашањата на новинарите во пресред на натпреварот со Македонија во Палермо.

    Дали натпреварот го чувствуваш на посебен начин?

    Ќе гледаме да го направиме тоа што го знаеме (да играме фудбал) сите супер се осеќаме и спремни сме за утрешниот натпревар. Сепак свесни сме дека играме против одлична репрезентација која не се наоѓа случајно тука, имаат одлични играчи што ги познаваме многу добро. Ако игртаме како што знаеме, мислам дека можеме да го постигнеме резултатот. Треба да успееме да ги контролираме емоциите. Јас се чувствувам добро и опоравен сум од повредата. Се ќе направиме за да го добиеме натпреварот, секако со топлата поддршка од Палермо.

    Дали ќе го игра првиот или вториот натпревар?

    Јас сум на располагање , но најнапред треба да мислиме на утрешниот натпревар па потоа евентуално за следниот.

    Како е да се соочиш со натпревар кој може да биде историски со евентуален пораз?

    Ќе се обидеме да победиме со ентузијазам и со енергијата што ќе ни да даде публиката во Палермо.

    Дали ќе бидат овие два  натпревари тешки бидејќи се меѓу две средби од Италијансаката Серија А (имаше барање од репрезентацијата да се одложи последното коло за да се подготват подобро за овој плеј-офф, но барањето беше одбиено од федерацијата затоа што нема време кога да се одиграат натпреварите).

    Знавме дека е тешко да се стопираат натпреварите во Серија А бидејчи нема време, но сепак имаме доволно енергија и подготвени сме за овие натпревари.

    Дуелот меѓу Италија и Македонија се игра во Палермо, в четврток со почеток од 20:45 часот. Со евентуална победа нашата селекција ќе налета на победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

    Од Палермо за Спортско радио 90,3 ФМ
    Сашо Кузмановски

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.