Босанскиот одбранбен играч Ѓорѓе Ќосиќ од денеска е ново име во ФК Вардар. Како што потврдија од клубот, тој денеска го потпишал договорот со „црвено-црните“
Ќосиќ има 28 години, игра на позициите централен дефанзивец и лев бек, а доаѓа од екипата на Тузла Сити. Има настапувано и за Шахтјор Караганди, Младост ГАТ, Борац Бања Лука, Зрињски, Витез, Звијезда 09. Со Борац има освоено титула во првенството на БиХ.
Тој е вториот интернационалец од БиХ кој потпиша за Вардар, по Горан Закариќ, кој исто така стави потпис на договорот со нашиот најтрофеен состав.

